ЕБСКО базата на податоци сè повеќе се користи од македонските научници
Нашите научници можат бесплатно да ги користат податоците и самите да објавуваат трудови...
Македонските научници и професори се повеќе ја користат ЕБСКО базата на податоци, што содржи околу 20 000 меѓународни научни трудови со импак фактор .Оваа онлајн база се користи повеќе од две години , а досега има околу 180 000 пребарувања на трудовите од најврвните научници од целиот свет од сите области . Нашите научници можат бесплатно да ги користат податоците и самите да објавуваат трудови.
„Овие меѓународни бази на истражувачката дејност како што е ЕБСКО се користат со голем интензитет од страна на универзитетите покрај тоа што веќе две години се користи оваа база , се повеќе добива на интензитет. Имаме околу 180.000 по однос на користењето на овие бази на истражувачи“, рече министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
Наши професори можат да објавуваат трудови, да ги следат трудовите на своите колеги да интервираат ако сакаат и со тоа имаат онлајн текстови. Порано тоа беше проблем можеа директно да ги пребаруваат во библиотеките, а вака ги имаат во PDF формат, ги користат, ги печатат и се во тренд со научните новости во светот.
Министерството за образование одвои 100. 000 евра за преплатата на оваа база на податоци . ЕБСКО е водечки провајдер на врвно рангирани цитирани и рецензирани научни списанија.
Викторија Тодоровска
