Јавниот долг годинава над 6 милијарди евра
Новата електронска алатка обелодени- најмалку должат општините, најмногу државата. Јавниот долг достигна 5,54 милијарди евра. Ресорната министерка вели дека е стабилизиран. Нејзината заменичка го тврди спротивното...
Јавниот долг е стабилен и тој изнесува 48,9 проценти или 5,54 милијарди евра, велат од Министерството за финансии. Се очекува до крајот на годинава да се зголеми за уште 600 милиони.Ресорната министерка Ангеловска ја претстави новата алатка со која треба да се зголеми транспарентноста.
Трендот на движење во последните три години значи стабилизација, вели Ангеловска. Посочува дека задолжувањата се оправдани, се инвестира во инфраструктурата. Преку платформата се добиваат информации за движењето, за задолжувањата, за државните хартии од вредност. Од ресорот потврдуваат дека и буџетот е ликвиден.
Од кабинетот на дополнителната заменик- министерка за финансии, Димитриоска Кочоска, со реакција дека јавниот долг расте, а не се стабилизира. Од таму велат, за три години се зголемил за 780 милиони евра, а капитални инвестиции нема, се вели во соопштението.
Дијана Ценевска
