Трамп го назначи амбасадорот Гренел за шеф на американското разузнавање
20.02.2020 15:47
Гренел ќе биде одговорен за 17 разузнавачки агенции во САД, а ќе работи во Советот за национална безбедност.
Американскиот претседател Трамп го назначи амбасадорот во Германија, Ричард Гренел за вршител на должноста директор на Националното разузнавање.
Функцијата ја презема од Џозеф Мегвајер кој замиинува до 12-ти март. Гренел ќе биде одговорен за 17 разузнавачки агенции во САД, а ќе работи во Советот за национална безбедност.
Тој е познат поддржувач на Трамп, кој почна серија функционерски промени по судењето за импичмент.
