ВМРО-ДПМНЕ обвини- Шеќеринска инволвирана во сомнителен тендер, од МО велат- тендерот е законски
Радмила Шеќеринска е вмешана во уште еден сомнителен тендер, каде што постои сомнеж за проневера на буџетот од над 250 илјади евра, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, Шеќеринска како министер во министерството за одбрана преку јавна набавка купила две тешки машини- грејдери за потребите на Армијата. Од Министерството за одбрана велат- тендерот е законски...
ВМРО – ДПМНЕ обвинува за проневера на буџетот од над 250.000 евра. Велат инволвирана во сомнителен тендер е министерката за одбрана Радмила Шеќеринска која за потребите на Армијата набавила две машини грејдери во вкупна вредност од безмалку 465.000 евра.
Откако биле набавени грејдерите од српска фирма, истата таа фирма на српска институција продала иста машина за половина од сумата што ја платило македонското Министерство за одбрана. Разликата е 132.000 евра по грејдер. Опозициската партија бара обвинителството да го испита случајот.
Лажните вести не поминуваат. Тој тип на машини се карактеризира со широк распон на техничките карактеристики (јачина на мотор, дополнителна опрема, ефикасност, габарит), и во зависност од тоа се утврдуваат и цените- пишува во реакцијата на Министерството за одбрана. На е- аукција од три опеатори била одбрана најдобрата понуда. Немало забелешки од останатите понудувачи, пишува во реакцијата.
Миле Ристески
