Чулев и Спасовски си ја префрлаат одговорноста за пасошите
Владата бара решенија за надминување на проблемот со издавање патни исправи. Премиерот Спасовски засега не открива детали, но смета дека е неодговорно, само пред една недела да биде информиран за недостатигот од обрасци. Според министерот за внатрешни Чулев, пасоши нема поради несовесното и непланско работење на неговиот предходник Спасовски...
За недостигот од обрасците за патни исправи во земјава се спротивставија премиерот и министерот за внатрешни. Според Спасовски, кај Чулев отсуствува политичка волја за решавање на проблемот. Затоа вели премиерот, во владата се бара одржливо решение за патните исправи, проблем за кој дознал пред една недела.
Јас ги наследив состојбите со непланското и несовесното раководење на министерството, е одговорот на Чулев. За тоа во МВР е покрената внатрешна истрага, продолжи министерот, по што произлезе и кривичната пријава. Одново, побара дипломатска нота до земјите во светот за продолжување на важечките патни исправи и отворање нов тендер.
Во МВР треба во март да пристигнат 100 илјади обрасци за патни исправи, додека следната пратка се очекува во септември или октомври годинава.
Игор Панов
