Али Ахмети и Џелал Бајрами ќе сведочат во „Монструм“
За петкратното убиство на 12-ти април 2012-та година, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Во декември 2017-та, Врховниот суд ги укина пресудите...

По Зоран Заев и Гордана Јанкулоска, кои како поранешни високи функционери сведочеа во судскиот предмет „Монструм“, денеска на рочиштето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро треба да сведочи и претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Како сведок треба да се појави и неговиот сопартиец, обвинителот Џелал Бајрами, кој во 2012-та година ја вршеше функцијата заменик- министер за внатрешни работи.
За петкратното убиство на 12-ти април 2012-та година, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Во декември 2017-та, Врховниот суд ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
