Шпанија: Почнуваат преговорите со каталонските сепаратисти
21.02.2020 10:31
Во Каталонија во октомври 2017 година беше одржан реферандум за независност и покрај противењето на централната влада во Мадрид. Ведаш потоа каталонскиот парламент прогласи независност.

Шпанскиот премиер Педро Санчез и регионалната каталонска влада се договорија на 26-ти февруари да почнат преговори за решавање на политичката криза во шпанската покраина.
Во Каталонија во октомври 2017 година беше одржан реферандум за независност и покрај противењето на централната влада во Мадрид. Ведаш потоа каталонскиот парламент прогласи независност.
Шпанската влада ја суспендира автономијата на Каталонија, ја смени нејзината влада, го распушти парламентот и воведе директна управа на Мадрид во таа област.
