ЕУ: Итен повик за прекин на огнот до сирискиот режим
21.02.2020 10:49
ЕУ бара од сите страни да ги почитуваат своите обврски согласно меѓународното хуманитарно право и да дозволат пристап на хуманитарните организации до најранливите групи.

Шефовите на држави и влади на Европската унија го повикаа режимот на Башар Ал Асад и неговите поддржувачи веднаш да и стават крај на воената офанзива во Идлиб.
ЕУ бара од сите страни да ги почитуваат своите обврски согласно меѓународното хуманитарно право и да дозволат пристап на хуманитарните организации до најранливите групи.
Лидерите потсетија дека стојат зад ставот сите нарушувања на меѓународното право и човечките права да бидат осудени и повторуваат дека ситуацијата во Сирија треба да биде предмет за меѓународниот Кривичен суд.
