Илјадници луѓе низ Германија оддадоа почит на жртвите во нападот во Ханау
21.02.2020 11:23
Во повеќе од 50 градови во земјата имаше собири на граѓани, политичари и претставници на црквите...
Илјадници луѓе низ германија вчеравечер им оддадоа почит на жртвите во нападот во Ханау. Во повеќе од 50 градови во земјата имаше собири на граѓани, политичари и претставници на црквите.
Во Ханау напаѓач уби девет луѓе и повреди повеќемина, по што ја убил мајка си, за на крајот да се самоубил.
