ФИТР: Продолжен рокот за аплицирање на јавниот повик за старт-ап и спин-оф компании
Одлуката следи откако до Фондот беа испратени повеќе писмени барања од студенти и млади од целата држава за продолжување на рокот за аплицирање, а за интересот во однос на овој инструмент за финансиска поддршка на Фондот, зборува и фактот дека досега се преземени над 750 апликациски пакети.

Поради зголемениот интерес, особено од студенти и млади од целата држава, рокот за аплицирање за јавниот повик за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф, е продолжен за дваесет дена односно до 15-ти март 2020 година, соопштуваат од Фондот за иновации и технолошки развој.
Одлуката следи откако до Фондот беа испратени повеќе писмени барања од студенти и млади од целата држава за продолжување на рокот за аплицирање, а за интересот во однос на овој инструмент за финансиска поддршка на Фондот, зборува и фактот дека досега се преземени над 750 апликациски пакети.
Јавниот повик е наменет за финансирање на новоосновани, микро, мали и средни претпријатија (не постари од 6 години), кои имаат иновативна идеја во фаза на „потврден концепт“ со реален план за комерцијализација.
Преку овој инструмент се обезбедува финансиска поддршка за активности на истражување и развој на старт-ап и спин-оф претпријатија и имплементирање на иновативни решенија, како и поддршка на претпријатија кои имаат висок потенцијал за раст.
Целта на овој повик, меѓу другото е што повеќе млади луѓе своите идеи да ги преточат во бизнис, да отворат свои компании и да аплицираат.
Вкупниот буџет за повикот изнесува 1,5 милиони евра, а преку овој инструмент е предвидено кофинансирање од ФИТР најмногу до 85% од вкупниот буџет за проектот, односно максимален износ од 30.000 евра. Преостанатите 15% од средствата треба да бидат обезбедени од компаниите.
