Парламентарни избори во Иран

21.02.2020 12:14

Илјадници апликации од реформистите и умерените биле отфрлени. Конзервативните Клерици одобрија над 7.140 кандидатури, а отфлија 9.000.

Иранците денеска гласаат на парламентарни избори во кои сите кандидати претходно биле скенирани од исламските клерици во Советот на старатели.

Илјадници апликации од реформистите и умерените биле отфрлени. Конзервативните Клерици одобрија над 7.140 кандидатури, а отфлија 9.000.

Иранскиот парламент има 290 пратеници. На 90 членови од сегашниот парламентарен состав исто така им беше забрането да се кандидираат.

Еднонеделната изборна кампања заврши на 19-ти февруари.