Давид vs Бобан Бабунски
Не требаше да мине многу време, за Давид Бабунски да ја продолжи жестоката преписка со Фудбалската Федерација на Македонија, откако ФФМ денеска преку соопштение реагираше на неговите обвинувања околу условите коишто ги имала младата репрезентација за играчи до 21 година при патувањето и престојот во Португалија, каде што во средата загуби со 2-0 во натпревар од квалификациите за ЕП.
Не требаше да мине многу време, за Давид Бабунски да ја продолжи жестоката преписка со Фудбалската Федерација на Македонија, откако ФФМ денеска преку соопштение реагираше на неговите обвинувања околу условите коишто ги имала младата репрезентација за играчи до 21 година при патувањето и престојот во Португалија, каде што во средата загуби со 2-0 во натпревар од квалификациите за ЕП.
„Моите реченици не биле вистина? Ја лажете јавноста дека се е ОК? Веројатно и ги уценувате и барате поддршка од тие кои ги раководите? Мене нема да можете! Јас сакам да играм фудбал. И секогаш ќе се борам со сите сили за тоа. Моите отсуства за репрезентацијата секогаш се одразуваат на клупските обврски. И јас пак доаѓам затоа што сум дете родено во Македонија. Или ќе играме фудбал по сите светски врвни норми или ќе имате проблем со борци како мене. Борци против корупцијата во светот, борци против луѓе што лажат и го манипулираат народот за да се пунат со пари. Тоа ме мотивираше да го напишам ова. Ако треба и пешки ќе дојдам до Македонија за да го бранам дресот. Ама против корупцијата? Против оваа човечка несвесност и лоша душа? Не можам да молчам и да не реагирам. Наскоро ќе ја добиете листата на сите проблеми/ информации, јавно нека читаат сите за да знаат како тоа ние правиме фудбал? Го тргнавте Горан бидејќи ви пречеше, сега јас сум ви на ред? И не ме интересира ни кој е селектор ни што се планирате со него. Кој и да е, каде и да е. Реков или имаме квалитетен фудбал или ќе се соочите сега и со следното од мене. Немој да мислите мене дека со вашите тапкања по грб ќе ме спречите како други што имаат се да кажат а молчат“, напиша Бабунски на својот фејсбук профил во новата порака до ФФМ, набрзо откако федерацијата ги отфрли неговите првични обвинувања.
Индикативно, зборовите на членот на Б екипата на Барселона Давид Бабунски се во спротивност од она што денеска го посочи неговиот татко Бобан Бабунски, селекторот на младата репрезентација. Тој преку официјален допис од ФФМ изрази само пофални зборови за односот којшто на раководната гарнитура на федерацијата кон неговите избраници.
„Изненадени сме од одредени коментари кои ги забележавме на социјалните медиуми. Сметаме дека организацијата беше на највисоко ниво. Како никогаш досега нашата селекција немала третман како сегашниот. Фудбалската федерација ги исполни сите барања предвидени во нашата програма за натпреварот. Како стручен штаб единствено забележуваме на пропусти од Фудбалската федерација на Португалија во однос на тренинзите и терените. Игравме со навистина силна репрезентација која во моментов е подобра од нас, загубивме и вината за поразот не смееме да ја бараме на друго место. Се надеваме дека на следените натпревари ќе ја вратиме самодовербата и ќе имаме позитивни резултати. Имаме потенцијал и токму затоа ќе останеме сложни“, е ставот на Бабунски постариот.
