СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја одведе и државата и својата партија во долгови

21.02.2020 13:38

Според социјалдемократите, за 11 години владеење на вмро-дпмне, бруто надворешниот долг на државава се зголемил за над 5 милијарди евра, од 2,5 милијарди во 2006-та на 7,7 милијарди евра во првиот квартал од 2017-та.

ВМРО-ДПМНЕ е партија со долг од 8 милиони евра, а Христијан Мицкоски е стечаен управник на најнедомаќинската и најрасипничката партија, велат од владејачката СДСМ. Според социјалдемократите, за 11 години владеење на вмро-дпмне, бруто надворешниот долг на државава се зголемил за над 5 милијарди евра, од 2,5 милијарди во 2006-та на 7,7 милијарди евра во првиот квартал од 2017-та.

„ВМРО-ДПМНЕ е партија со долг од 8 милиони евра, а Христијан Мицкоски е стечаен управник на најнедомаќинската и најрасипничката партија. 11 години ВМРО-ДПМНЕ, предводена од диригентот Никола Груевски и извршителот Мицкоски ја пустошеше државата, ги задолжи и ги крадеше граѓаните“, изајви Стефан Васев од СДСМ.

Во истиот период додека граѓаните и државата осиромашуваа, ВМРО-ДПМНЕ изгради луксузен дворец, симбол на нивниот криминал и корупција, велат од партијата, и додаваат- замислете, што би се случило кога овие недомаќини и расипници, извршителот Мицкоски и Груевски повторно би се доближиле до државниот буџет.