Случај „Монструм“

Ахмети: ДУИ плати висока цена за „Монструм“, сакаме да се расветли случајот

21.02.2020 14:56

Побаравме да се повтори судски процес бидејќи ние како политичка партија плативме највисока цена за овој случај, и ако не се расветли како што треба, ќе има последици, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети по сведочењето во Кривичниот суд за случајот „Монструм“. За еден од родителите на убиените момчиња, судството е извршител на желбите на Ахмети. На наредното рочиште на 27-ми февруари ќе сведочат и Сашо Мијалков, Синиша Алексовски, Блерим Беџети, Муса Џафери и Зоран Трајковски...

„Стравувавме да не дојде до судир и ексалација на состојбата“, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешното сведочење за случајот „Монструм“. За петкратното убиство кај Смилковкото Езеро дознал наредниот ден, по што разговорал со негови соработници, со претставници на меѓународната заедница, САД, а како што рече, сѐ со цел да не се злоупотреби настанот. Посочи- сакавме да ја знаат вистината, и затоа давале придонес да се расчисти случајот. Според него, ДУИ како политичка партија платила висока цена, имало обвинувања дека се поврзани со случајот и затоа барале повторно судење, за да се расветли случајот.

Суството е извршител на желбите на Ахмети, реагираше еден од родителите на едно од убиените деца. Родителите сметаат дека сведочењата не даваат поинаков тек на настаните.

Сведочеа и Бујар Османи и Џелал Бајрами. Османи посочи дека тој информирал за партиските состаноци кои се однесувале за овој случај.  Бајрами, пак, посочи дека како тогашен заменик- министер за внатрешни работи не се согласувал со изјавата на тогашната министерка зашто изјавиле дека ги имаат сторителите на убиството. Следното рочиште продолжува на 27-ми со сведоци.

 

Наташа Гркова- Петрушевска