Чолош: Транспарентна изборна кампања- доказ за подготвеност за процесот на преговори
Потребна е транспарентна изборна кампања, и тоа ќе биде главниот доказ дека народот и политичарите се подготвени за отпочнување на процесот на преговори за членство во ЕУ, изјави претседателот на парламентарната група „Renew Europe“, Дачиан Чолош, по средбата со премиерот Спасовски. Тој со порака да се покаже нов начин на водење на изброна кампања со вредности прифатливи за граѓаните...
Земјава ги исполни критериумите што ги побараа Европската комисија и земјите членки, но треба да се продолжи со реформи, не дека тоа го бара ЕУ, туку оти тоа е потребно за граѓаните, рече, претседателот на парламентарната група, „Обнови ја Европа“. Важно е да се одржуваат и соодветни односи со соседите и да се докаже дека земјава ги почитува меѓународните и билатералните договори.
Европарламентарецот вели и дека е неопходна јавноста при изборната кампања. Смета дека тоа ќе биде главниот доказ дека и народот и политичарите се подготвени за да се почне процесот на преговори со Унијата. Потребно е и медиумите да создадат атмосфера и дебата за конкретни визии, бидејќи, според Чолош, со валканата реторика граѓаните нема да излезат на гласање.
Техничкиот премиер Спасовски најави дека дека Владата ќе создаде вистински амбиент институциите да функционираат нормално за да обезбедат фер, демократски и слободни избори. Сепак, очекува валкана предизборна кампања.
Според премиерот, важно е сите да бидат одговорни во изборниот процес за да се подигне квалитетот на кампањата, со вредности прифатливи за граѓаните.
Ана Јосифоска- Тодоровска
