МО: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажните вести
21.02.2020 14:25
Ако имало поевтини машини што ги исполнувале условите од приложената спецификација, ќе имало и такви понуди при тендерската постапка- велат од ресорот одбрана...
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажните вести, откако вчера јасно беше кажано дека се работи за различна инженериска машина, нивната пропагандна машинерија продолжува да манипулира, се вели во реакцијата на Министерството за одбрана.
Ако имало поевтини машини што ги исполнувале условите од приложената спецификација, ќе имало и такви понуди при тендерската постапка, која да ги потсетиме уште еднаш ВМРО-ДПМНЕ, беше отворена и транспарентна, се вели во соопштението на ресорот за одбрана.
