Странските инвеститори со месеци чекаат работни визи за нивните експерти
Странските инвеститори во земјава со месеци чекаат нивни експертски тимови да добијат работна виза. Од Стопанската комора велат, иако мала економија, државава има најригорозен визен режим за работници од странство. Честите промени на законите, функционирањето на правната државава и бавната админситрација, дополнително го отежнува работењето...
Странските инвеститори со месеци чекаат работни визи за своите експерски тимови и високостручен кадар што го носат во земјава. Бизнис- еснафот реагира, дел од нив се случува да бидат и одбиени, најчесто со одговор дека таков кадровски потенцијал има во земјава. Од Стопанската комора велат, иако мала економија, државава има најригорозен визен режим за работници од странство. Допочнителен проблем според Пешев е и оданочувањето на платата, бидејки вака ангажирани овие лица земаат личен доход според критериумите во нивната земја.
Честите промени на законите, функционирањето на правната државава и бавната админситрација, дополнително го отежнува работењето на бизнисот во земјава- долго сигнализираат и домашните, но и странските фирми кои внесуваат капитал и бараат гаранција за добро работење и на судовите.
Не само на Балканот, проблемот со квалификувана работна сила и одлив на мозоци го има и во Европските земји, вели италијанскиот амбасадор Ромео чија земја е еден од нашите најголеми трговски партнери.
Компаниите се сооочуваат со недостиг на работници, но институциите ги субвенционираат обуките на оние кои сакаат да работат. Во последните години има зголемување на бројот на македонски работници кои одат на привремена работа во Италија. Нивното присуство има позитивно влијание во нашата економија. Компаниите меѓутоа се принудени да ги дообучуваат, вели италијанскиот амбасадор во земјава, Карло Ромео.
Со влезот на земјава во НАТО, вели Ромео, се очекуа да се зголемат италијанските инвестииции во делот на одбраната и безбедноста. Сега во земјава работат 130 италијански компании кои вложиле 122 милиони евра. Најголем дел се во машинската прехранбената индустрија, енергетиката.
Сузана Фиданска- Стоевска
