За прв пат во Македонија детска интервентна кардиологија

07.03.2014 15:14

На Клиниката за кардиологија  на 4 бебиња им беа проширени артериските садови. Засега ќе избегнат операција. Заедно со тимот за детска кардиохирургија ќе се надополнуваат и ќе спасуваат по 100 деца годишно кои што имаат потреба за некаков  зафат поради вродени срцеви маани.

Меѓународниот тим за детска кардиохирургија по петти пат е во Македонија. Врвниот ментор детскиот- кардиохирург Вилијам Новик со 7000 изведени операции во својата кариера, овој пат им асистираше на нашите хирурзи. Од вкупно 67 инервенции за една година , оваа сесија беа направени 18. Освен тешките операции, за прв пат тим од клиниката за Кардиологија успешно направи 4 интервентни зафати за проширување на крвните садови. Едно од нив е бебе од 7 недели.

Соња Стојановска