Самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон
На состанокот треба да се утврдат најзначајните проекти на земјите од Западен Балкан, што се од регионално значење, а кои во претстојниот период можат да очекуваат поддршка за реализација од ЕБОР.

Премиерот Спасовски ја предводи владината делегација на инвестицискиот самит на Европската банка за обнова и развој за Западен Балкан, што се одржува во Лондон.
Со него ќе претседаваат Сума Чакрабарти, претседател на ЕБОР и Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска, како земја претседавач со Европската унија.
На состанокот треба да се утврдат најзначајните проекти на земјите од Западен Балкан, што се од регионално значење, а кои во претстојниот период можат да очекуваат поддршка за реализација од ЕБОР. Според агендата, предвидено е премиерот Спасовски да има билатерална средба со претседателот на ЕБОР, Сума Чакрабарти.
