Запрен железничкиот сообраќај меѓу Италија и Австрија
Во областа зафатена од вирусот живеат и околу 12 илјади македонски државјани. Најмалку 10 градови во покраината Ломбардија се поставени блокади на патот за да се спречи движење на луѓето.
Италијанските власти преземаат мерки за да се ограничи ширењето на коронавирусот во северниот дел на земјата, откако бројот на заразени порасна на 152 лица, а до сега починаа три лица. Откажан е карневалот во Венеција и низа спортски натпревари.
„Не сме во состојба на пандемија, но апсолутно е добро да се обидеме да избегнеме собири што овозможуваат ширење на вирусот. Затоа ги затворивме училиштата на 7, а можеби и на 14 дена. Суспендирани се секакви културни, рекреативни, спортски или верски собири, дури и на места затворени или отворени за јавноста“, изјави Џулијо Галера, регионален советник во Ломбардија.
Соседните земји разгледуваат мерки за заштита, откако Австрија вчера привремено го запре железничкиот сообраќај од Италија, а се разгледува и можноста да се затвори границата.
Во областа зафатена од вирусот живеат и околу 12 илјади македонски државјани. Најмалку 10 градови во покраината Ломбардија се поставени блокади на патот за да се спречи движење на луѓето. Во регионот не е дозволено ниту застанување на возови. Паралелно се дезинфицираат сите средства за јавен транспорт- автобуси, возови, дури и бродови во Венеција.
Италијанските власти сѐ уште не можат да го утврдат изворот на вирусот на северот на земјата.
