Викендов изречени 54 казни за паркирање во зеленило на Водно
Благодарение на овие засилени контроли на градските комунални редари викендов беше избегнат метежот од возила, бесплатните автобуси беа полни, а посетителите имаа оптимални услови за рекреација.

За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, градските комунални редари и овој викенд вршеа засилени контроли за паркирање во зеленило и изрекоа вкупно 54 казни за паркирање во зеленило (8 во сабота и 46 во недела), соопштуваат од Град Скопје.
Благодарение на овие засилени контроли на градските комунални редари викендов беше избегнат метежот од возила, бесплатните автобуси беа полни, а посетителите имаа оптимални услови за рекреација.
Бесплатниот автобуски превоз викендов го искористија над 4.000 патници на трите бесплатни автобуски линии кои прават 29 тури дневно кон Средно Водно. Паркингот на Водно викендов го искористиле 332 возила според бројот на испратени СМС пораки, соопштуваат од Градот.
