Продолжува судењето за „Таргет-Тврдина“, рочиштето затворено за јавност

24.02.2020 12:00

Случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет Тврдина“ се наоѓа во доказна постапка.

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина“, но рочиштето е затворено за јавност, поради сослушување на сведок, поранешен вработен во Управа за безбедност и контраразузнавање.

Случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет Тврдина“ се наоѓа во доказна постапка. Досега во оваа постапка имаат сведочено свиркачите Звонко Костовски и Ѓорѓи Костовски, поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски, поранешниот премиер Зоран Заев и други лица.

Обвинети во овој предмет за нелегално прислушување се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и други лица од УБК.