Балетската класика „Лебедово езеро“ на сцената на Националната опера и балет
Легендата за мистериозната лебед- жена е еден од најромантичните класични балети, и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид.

Балетската претстава „Лебедово езеро“ на Чајковски, во петок, 28-ми февруари, со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет
Легендата за мистериозната лебед- жена е еден од најромантичните класични балети, и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид.
Како Одета/ Одилија настапува Марија Кичевска Шокаровска, Принцот Зигфрид е Васил Чичијашвили (Грузија), во улогата на Ротбарт е Балаж Лашеи (Унгарија), Па де троа: Саша Евтимова, Игор Веланоски, Христина Наќевска.
Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Диригент e Бисера Чадловска.
