Израел

Нападнати позиции на „Исламски џихад“ во Сирија

24.02.2020 12:10

Новинските агенции информираа дека израелските авиони влегле во воздушниот простор на Сирија и гаѓале области околу Дамаск.

Двајца припадници на палестинската група „Исламски џихад“ загинале во напад на Израел врз Дамаск. Израелски авиони нападнале позиции на „Исламски џихад“ во Сирија, откако групата се судри со израелските сили околу Појасот Газа.

Новинските агенции информираа дека израелските авиони влегле во воздушниот простор на Сирија и гаѓале области околу Дамаск.

Според воените извори, повеќето од ракетите биле уништени пред да ги погодат нивните цели.