Кампањата за претседателските избори ќе почне на 5-ти април

07.03.2014 15:16

Државната изборна комисија (ДИК) најде решение за поклопувањето на изборните кампањи...

Државната изборна комисија (ДИК) со консензус најде решение за поклопувањето на двете кампањи поради предизборниот молк за претседателските избори.
 
Кампањата за претседателските избори ќе почне два дена порано. Наместо на 7-ми, ќе почне на 5-ти април и ќе трае до 27-ми.
 
ДИК денеска го утврди роковникот за предизборни дејствија.