Горивата поскапуваат за половина до еден денар по литар
24.02.2020 12:32
Еуросупер БС-95 ќе чини 67, додека 98-цата 69 денари за литар. Еуродизелот поскапува за половина денар и ќе изнесува 58,5 денари. Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 47,5 денари, додека мазутот за 33,565 денари за килограм.

Од полноќ, малопродажните цени на бензините повисоки за еден денар. Еуросупер БС-95 ќе чини 67, додека 98-цата 69 денари за литар. Еуродизелот поскапува за половина денар и ќе изнесува 58,5 денари. Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 47,5 денари, додека мазутот за 33,565 денари за килограм.
Клучните фактори што влијаат на крајната цена се курсот на денарот во однос на доларот и референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, велат од Регулаторната комисија за енергетика.
