Стопанска комора

Компаниите од текстилната и кожарската индустрија бараат државна поддршка

24.02.2020 14:46

Здружението на текстилната и кожарската индустрија бара државна поддршка на компаниите. Оттаму посочуваат дека се соочуваат со проблеми во работењето и недостиг од кадар. Сметаат дека политиките за раст на минималната плата не соодвествуваат со реалната состојба. Во овие две индустрии се вработени околу 37 илјади луѓе...

Банките даваат кредити, но одливот на кадри ја влошува состојбата во текстилната и кожарската индустрија. Поради тоа, сопствениците не вложуваат во компаниите туку ги пренасочуваат средствата. Според научните истражувања форсираното зголемување на минималната плата, негативно ќе се одрази врз работникот.

Затоа, ова здружение бара oсовременување на македонскиот текстил и поддршка за кожарските компании. Оттаму велат дека индустријата ќе колабира доколку креаторите на политиките не обезбедат системска поддршка за поголема продуктивност во секторот. Посочуваат дека идните предизвици се фер бизнис- услови, борба со сивата економија и корупцијата, реформи во образованието и во стопанството.

Во текстилната индустрија работат над 30 илјади квалификувани работници на возраст од 55 до 60 години. Лани, извозот достигнал 543 милиони евра што е за 6,5 насто помалку од изминатата година.

 

Дијана Ценевска