Мицкоски: Утре протестен марш од Јавното обвинителство до Врховниот суд

24.02.2020 15:04

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски во државава мора да има неселективна правда.

Аудиоснимките покажуваат дека Заев влијаел врз одлуките на Обвинителството и на Врховниот суд, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. Според лидерот на партијата Мицкоски во државава мора да има неселективна правда. Утре протестен марш од Јавното обвинителство до Врховниот суд.

„Повикувам на граѓански протест утре со почеток во 18 часот кој ќе започне од пред обвинителство на кејот на Вардар па се до Врховниот суд. Ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат, од сите националности и убедувања. Ова не е протест само на ВМРО-ДПМНЕ туку на сите граѓани кои знаат дека главната кочница е Зоран Заев. Протест на кој ќе порачаме дека одговорност мора да има за неправдите и дека Заев е виновен. Одговорност за главата на октоподот која не може да се сокрие“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.