Добро е, има позитивна размисла!
”Многумина ми велеа уште од почетокот на оваа лига дека не треба да се нервирам, дека однапред се знае кој ќе оди во фајнел-форот, а тоа се овие 4-ри екипи, првите во мометов на табелата (Загреб О, Татран, Вардар и Мешков). Тоа дури ми го велеа и моите играчи, но јас не сакам и нема во тоа да верувам.“-вака вели предводикот на македонскиот ракометен вице првак Металург, Лино Червар.

Одлично...... Потребниот инает проработе, а тоа се надеваме ветува Металург каков го знаеме, борбен, позитивно агресивен и дирзок на терен, па кој сака нека не игра, а нема да игра со сигурност Атман и веројатно Вугринец. Друго се е ставено на располагање за исклучително важниот дуел со Мешков, директниот конкурент на сините за фајнел-фор СЕХА завршницата.
”Играме со Мешков, тоа е една легија на странци со 12 странски играчи, најголем дел од хрватска од каде е и тренерскиот тандем, потоа од Србија и по некој русин. Не очекува еден тежок натпревар кој е дел од подготовките за мечот со Колдинг од Лигата на Шампионите. Играат многу цврста одбрана, која за нас ќе биде добар предизвик, а имаат и квалитетни индивидуалци.„-додава Черва.
Лука Циндриќ пак централниот бек на сините за неделниот противник вели: ”Поразот во Брест ни дава мотив за победа, а победата самодоверба за преостанатите натпревари кој следат. Како и да е со Мешков одиме по трите битни бода во ова натпреварување.“
Металург игра регионална 17-та партија, Мешков 16-та. Нашите бројат 28 бода, белорусите 30. На момците од Автокоманда им следи уште тешко гостување во Словачка кај Татран, сигурниот за Нови Сад. Белорусите ќе треба дома да го дочекаат последниот Партизан, а да патуваат кај незгодниот Нексе во Осиек. Тука, во мешаницата за преостанатите две места за звршницата заплеткан и Вардар.
Победата на Металург ќе разјасни добар дел од дилемите кој почнуваат со зборот АКО, вклучен во веселата математика несвесно или свесно наметната.
Металург-Мешков недела 17.45, арена Борис Трајковски и живо на МРТ еден.