СДСМ: Содржината на снимките не е компромитирачка
СДСМ гарантира правда, но и како што рече Костадинов, за сторените кривични дела мора да има одговорност. Вели, последната аудиоснимка од ВМРО-ДПМНЕ нема да влијае на кредибилитетот на лидерот на партијата Заев.
Со Законот за јавно обвинителство загарантирани се случаите отворени од поранешното СЈО. СДСМ гарантира правда, но и како што рече Костадинов, за сторените кривични дела мора да има одговорност. Вели, последната аудиоснимка од ВМРО-ДПМНЕ нема да влијае на кредибилитетот на лидерот на партијата Заев.
„Не би можел да кажам од каде потекнуваат снимките, но можам да кажам дека содржината воопшто не е компромитирачка во однос на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, или врз СДСМ како политичка партија“, нагласи портпаролот Костадинов.
Додаде дека на располагање се сите алатки, а материјалите може да ги достават во Обвинителството, кое како што рече, е растеретно од сите политички притисоци.
