Српското собрание усвои договори од иницијативата „Мини Шенген“ меѓу Србија и Северна Македонија
Српското собраниие го изгласа економскиот договор со нашата земја, популарниот „Мини Шенген“. Според српскиот минситер за финансии Синиша Мали, се отвораат нови можности на соработка, а компаниите од двете страни на границата ќе можат да користат онлајн услуги и од други земји. Се зајакнува и соработката преку ЦЕФТА, централноевропската спогодба за слободна трговија...
Српското собрание денес го изгласа Договорот меѓу српската и македонската Влада за взаемно признавање на квалификувани услуги од доверба, кој е дел од иницијативата „Мини Шенген.“
Министерот за финансии Синиша Мали во дебатата оцени дека одобрувањето на Договорот треба да има влијание врз економските субјекти на двете земји, кои во меѓусебната деловна соработка ќе се префрлат на електронска трговија, што е побрзо и поефикасно од класичното и што позитивно ќе влијае на економскиот развој на обете држави.
„Меѓусебното признавање исто така значи дека граѓаните и деловните субјекти од една земја ќе можат да користат онлајн услуги на друга земја, односно ќе можат да се идентификуваат преку своите електронски шеми за идентификација, кои се подеднакво прифатени и во двете држави“, изјави Синиша Мали, министер за финансии.
Српското собрание го донесе и Закон за потврда на дополнителниот Протокол 6 за трговија со услуги на договорот за изменување и пристапување на договорот за слободна трговија во Централна Европа, чија цел, како што кажа Мали, е граѓаните полесно да комуницираат, полесно да се поврзат, да патуваат, да најдат работа и да купат производи од нивната непосредна околина без непотребно оптоварување.
Проткол 6 од ЦЕФТА- спогодбата се однесува на либерализацијата на трговијата со услуги, со што се зголемуваат можностите за зајакнување на економската соработка во регионот на Западен Балканшто е една од најважните цели и идеи на иницијативата „мини Шенген.“
Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ
