Почнува рокот за собирање потписи и увид во Избирачкиот список за изборите на 12-ти април
25.02.2020 10:27
Течат роковите за подготовка на предвремените парламентарни избори на 12 април. Утре почнува рокот за собирање потписи на избирачите за кандидати за пратеници и за јавен увид во Избирачкиот список...

Од утре почнува да тече рокот за јавен увид во Избирачкиот список и за собирање потписи на избирачите за кандидатите за пратеници. Службените лица од ДИК, потписите ќе ги собираат и пред надлежен нотар, што беше утврдено на седница.
Секој избирач ќе има можност да даде поддршка за повеќе листи на кандидати, кои треба да се достават најдоцна до 12-ти март на полноќ.
Јавниот увид за Избирачкиот список ќе може да се изврши до 11-ти март. Изборите ќе се одржат на 12-ти април.
