Во Кина нови 508 потврдени случаи на Коронавирус
Во текот на вчерашниот ден починаа 71 лице, потврдија здраствените власти, додека пак излекувани се над 2.500 пациенти.

Нови 508 потврдени случаи на Коронавирус во Кина. Во текот на вчерашниот ден починаа 71 лице, потврдија здраствените власти, додека пак излекувани се над 2.500 пациенти.
Не е пронајдена очигледна мутација на Коронавирус, а респираторните капки и близок контакт се главните преностели на вирусот, објави заедничката инспекциска група, составена од кинески и експерти на Светската здравствена организација.
Во Јапонија, од коронавирусот почина четвртиот патник од бродот „Дајмонд принцес“. Станува збор за 80- годишен маж. Јужна Кореја пријави 60 нови случаи на Коронавирус, со што е зголемен вкупниот број на заразени лица во земјата на 893.
