Патник од Дубаи се проверува за коронавирус на Инфективна клиника
Патникот допатувал пред неколку дена во земјава по шестдневен престој во Дубаи. Mинистерот за здравство Венко Филипче соопшти дека за помалку од три часа ќе бидат готови резултатите и ќе се знае дали се работи за коронавирус...

Патник што допатувал од Дубаи и кој има симптоми слични на грип е хоспитализиран на Инфективната клиника, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. За помалку од три часа ќе бидат готови резултатите и ќе се знае дали се работи за коронавирус. Патникот допатувал пред неколку дена во земјава по шестдневен престој во Дубаи.
„Има симптоми слични на грип. Направени се тестовите и за помалку од три часа ќе бидат готови резултатите. Се пристапува со целото внимание како за сомнителен случај заболен од коронавирус“, изјави министерот Филипче.
Апелираше до сите кои доаѓаат од критичните региони да се придржуваат до препораките во упатството и доколку почувтвуваат некои од симптомите да не се шетаат низ здравствените установи, туку да се јават на телефоните за Институтот за јавно здравје.
