Зошто се празнува Денот на жената?

07.03.2014 15:24

Ова е празник на економските, политичките и општествените достигнувања на жените, кој од 1975 -та и официјално Обединетите нации го прогласуваат како Меѓународен ден на Жената...

Цвеќе, бонбониери, накит, убаво вино... Покрај подароците кои ги добиваат припадничките на понежниот пол за Денот на жените, 8-март, празникот треба да  потсети и на правата кои ги имаат жените и на вниманието кои треба да го добиваат постојано.

Ова е празник на економските, политичките и општествените достигнувања на жените, кој од 1975 -та и официјално Обединетите нации го прогласуваат како Меѓународен ден на Жената.

Првите јавни демонстрации на жените вработени во индустрија за облека и текстил се случиле на 08 март 1857  во Њујорк. Текстилните работнички протестирале поради лошите услови за работа и ниските плати. Демонстрантите ги растерала полицијата, а два месеци подоцна жените основале синдикат.

Откако во 1911-та во Њујорк во пожар изгореле 140 текстилни работнички, 8-ми март почнал да се одбележува во нивно сеќавање.