Коронавирус

Европа се моблизира, расте бројот на заразени од Ковид-19

25.02.2020 13:10

Бројот на заразени од коронавирус расте. Во Италија седум лица починаа. Словенија размислува да ги затвори гранците ако се зголеми ризикот. Апели да не се патува во регионите со висок ризик...

Европа се мобилизира. Во Рим, министрите за здравство на Италија, Словенија, Австрија, Германија, Франција и Швајцарија на средба, во врска со мерките против ширењето на коронавирусот поради ситуацијата во Италија.

Во Италија повеќе од 220 лица се заразени со новиот коронавирус, од кои седум починаа. Тоа е најголем број на случаи надвор од Азија.

Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, претходно најави мерки на превенција, меѓу кои и предупредување за граѓаните да не патуваат во соседна Италија. Словенските власти размислуваат и да ги затворат границите доколку се зголеми ризикот од новиот коронавирус. 

Нови 508 потврдени случаи на коронавирус во Кина, со што вкупниот број на заразени лица во континентална Кина се искачи 77.658 пациенти, објави Националната комисија за здраство во земјата.

„Ќе ви ги презентирам последните ажурирања. Вчера Кина на копното објави нови зголемени потврдени случаи- 508. Нови смртни случаи- 71, вклучително и 68 од Хубеи, 2 од Шандонг и едно од Гуангдонг. Нови сомнителни случаи- 530. Нови излечиви и испразнети случаи- 2.589“, изјави Ми Фенг, заменик директор на Националната комисија.

За регионите со низок ризик, властите порачаа, жителите да продолжат со нормални активниости, додека пак областите кои се во епицентарот на епидемијата, да се придржуваат со строги контроли, сѐ додека заразата не биде ефикасно спречена.

„За области со низок ризик, можеме да ги отстраниме патните ограничувања и да им помогнеме на компаниите или претпријатијата да се справат со потешкотиите во снабдувањето со материјали. За подрачјата со висок ризик, треба да има строги мерки на ограничување, но мораме да го одржиме уредното продолжување на работата“, вели Оу Ксијаоли, директор на Секторот за социјални работи на Националната комисија за развој и реформа.

Во Јапонија, пак, почина четвртиот патник од бродот „Дајмонд Принцес, се работи за лице од 80 години.

 

Марина Стојанова- Тонева