Милошоски: Сѐ што поседував и предадов на обвинителката Рускоска

25.02.2020 12:05

По средбата со обвинителката Рускоска изјави- ги предадов сите материјали и транскриптот, поврзани со поранешниот премиер.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во Обвинителството за организиран криминал и корупција ги предаде аудиоснимките што ги пушташе на прес-конференција. По средбата со обвинителката Рускоска изјави- ги предадов сите материјали и транскриптот, поврзани со поранешниот премиер.

„Она што го поседував како материјал, транскрипти, аудио снимка поврзана со поранешниот премиер Зоран Заев, каде експлицитно се слуша неговиот глас и разговара за влијание во обвинителството и судството, денеска ѝ го предадов на обвинителката Рускоска“, изјави Милошоски по излегувањето од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Тој рече дека како и минатиот пат направиле уреден записник и дека од страна на обвинителката било споменато дека материјалот ќе го обработуваат за да се види која е неговата релевантност.