Заев во Охрид: 2019-та ја завршивме со над 1,2 милиони турсти

25.02.2020 12:32

Заев очекува интегрирањето на земјава во НАТО и почнувањето на преговорите со ЕУ да овозможат значаен развој на туризмот.

Добар план за развој на туризмот во целата земја, а особено во Охридско- струшкиот регион ќе овозможи дополнително продолжување на туристичката сезона, што е многу важно за  Охрид, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев при посетата на Охрид.

„2019-та година ја завршивме со преку 1,2 милиони туристи или 5,8% повеќе од 2018 година што со самиот тренд покажува дека мерките кои се преземени даваат резултати. Секако не само преку мерките за поддршка на внатрешниот туризам, односно сиромашните граѓани којшто им беше овозможено да имаат можност да летуваат во текот на годината заедно со своето семејство“, изјави Заев.

Тој очекува интегрирањето на земјава во НАТО и почнувањето на преговорите со ЕУ да овозможат значаен развој на туризмот.