Мицкоски: Сите партии што бараа ветинг во судството нека дојдат на маршот на ВМРО-ДПМНЕ
Живееме во време на деспотизам , се нарачуваат судски одлуки, рече претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ денеска на протест за правдата од Јавното обвинителство до Врховниот суд. Живееме во време на деспотизам , се нарачуваат судски одлуки, рече претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
„Живееме во време кога деспотизмот е на својот врв. Гледаме и слушаме како се нарачуваат судии и судски одлуки и тоа не од кој било, туку зборуваме за Врховниот суд. Гледаме како се управувале и манипулираат специјални јавни обвинители“, изјави Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните да се придружат на вечерашниот протест од пред судот, што го организира партијата. Тој упати апел и до сите политички партии кои, како што рече, беа гласни за ветинг и промени во судството, вечер на протестот да застанат до ВМРО-ДПМНЕ и заеднички да побараат неправдата што се случува во државата, еднаш засекогаш да престане.
