Потврден првиот случај на Коронавирус во Хрватска
25.02.2020 13:56
Станува збор за млад човек кој бил во Милано. Веста ја потврди хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Потврден е првиот случај на Коронавирус во Загреб, јави Хрватската телевизија. Станува збор за млад човек кој бил во Милано. Веста ја потврди хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Според премиерот главниот штаб на цивилната заштита веќе бил активиран. Во Клиничкиот центар во Риека се сместени и девет работници кои дошле од Италија. Се чекаат наодите за нив, велат од Министерството за здравство и дополнуваат дека еден од нив покажува знаци на болеста.
