Прилеп подготвен за меѓународниот карневал „Прочка“

25.02.2020 14:46

Прилеп целосно е подготвен за меѓунарониот карневал „Прочка“ кој по 19 пат ќе ја прикаже богатата карневалска традиција на градот. Тридневниот карневал почнува в петок, а главното карневалско дефиле е в недела. На карневалот ќе дефилираат околу 1.000 учесници од градот, од земјава и од странство...

Прилеп ќе живее со карневалската треска. Околу 1.000 учесници, маски од Прилеп, земајава и од странство, ќе дефилираат во центарот на градот на тридневниот карневал „Прочка“. Маските ќе ги покажат умешноста, креативноста, традицијата и современите текови. Неизоставни се уникатните прилепски мечкари.

В петок е големата изложба на маски, в сабота е детскиот, в недела е главното карневалско дефиле. За првпат ќе има делегации од Германија, Украина, Холандија, редовни се групите од Балканскиет земји. Креативноста во маскирањето секоја година е поуникатна. Сите ќе ги забавуваат бројни уметници.

В недела вечер е големиот заеднички маскембал, а в понеделник познатите приелпски мечкари со гостите ќе ги почнат велигденските пости со манастирски посен грав.

 

Елизабета Митреска