Нема заболени од Коронавирус во земјава

26.02.2020 12:43

Во земјава засега нема заболени од коронавирус , но се тестираат нови случаи на Инфективната клиника. Досегашните резултати од анализите на тројцата патници се негативни. Подигнато нивото на заштита. Ограничен е влезот на патници на граничните премини, има дезинфекција во предучилишните установи...

Засега нема заболени од Коронавирус во земјава, но два сомнителни случаја се тестираат на Инфективната клиника.

Резултатите од проверките на двајцата патници од Италија и едниот од Дубаи што се спроведоа вчера се негативни. Апел, граѓаните да не наседнуваат на лажни информации и да не се шири паника.

Надлежните уверуваат дека здравствениот систем е подготвен, согласно со препораките за заштита и превенција на Светската здравствена организација.