Коронавирус: Потврден прв случај на заразен во Грција
Заразени во Хрватска, Австрија, Швајцарија. Неколку земји потврдија случај на коронавирис. Предупредувања- Италија стана нов центар на ширење. Во Сараево 14 деца се ставени во карантин како мерка на претпразливост.

Прв случај потврден во Грција. Се работи за 38 годишна жена која неодамна патувала во Италија. Хрватските власти го потврдија и вториот случај на Коронавирус во земјата. Инфициран е и братот на момчето кое вчера ја вознемири јавноста откако се докажа дека е заразаен, а претходно се вратил од Милано, по што се појавил и на работа.
Во Германија бројот на заразени се искачи на 17. Последниот случај најверојатно го донел вирусот од Милано, а регионалните власти ги идентификуваат сите луѓе со кои пациентот бил во контакт.
Италија е најголемото жариште на Коронавирусот надвор од границите на Азија. Ширењето на вирусот зазема загрижувачки размери во земјата, каде што освен на северот, забележани се случаи и во јужните делови.
„Докторите овде постојано повторуваат дека си имаме работа со вид на грип. Нов вид на грип за кој немаме вакцина. Повеќето пациенти се опоравуваат дома, како и од обичниот грип. Помалку од половина од нив се хоспитализирани, а само 25 случаи се на интензивна нега. Тоа е реалната слика што докторите се обидуваат да ја пренесат, но изгледа стравот се шири побрзо од вистинските податоци“, изјави Лоренцо Мила, специјален пратеник на „РТВЕ“ во Милано.
Прв случај на заразен има и во Швајцарија и во Австрија. Во Сараево 14 деца се ставени во карантин како мерка на претпазливост откако се вратиле од северниот дел на Италија каде што престојувале седум дена.
А во Кина, во провинцијата Хубеј, новороденче старо 17 дена на кое инфекцијата му била откриена непосредно по раѓањето успешно закрепнало без терапија и било пуштено од болница. Тоа е најмладиот пациент воопшто што се излекувал од вирусот.
Новиот коронавирус кој во декември се појави во градот Вухан до сега зарази десетици илјади луѓе во Кина и ширум светот. Бројот на смртни случаи надмина 2.700 луѓе. Иако е сѐ уште мистерија за научниците, Светската здравствена огранизација соопшти дека вирусот не е глобално надвор од контрола и дека не предизвикал смртни случаи од големи размери, поради што е премногу рано да се зборува за пандемија.
Марина Ристова
