Димитров во работна посета на Чешка
26.02.2020 12:16
Димитров утре ќе учествува на годишниот состанок на министрите за надворешни работи од земјите од Вишеградската група и државите од Западен Балкан...

Министерот за надворешни работи Димитров е во работна посета на Република Чешка. Имаше средба со чешкиот колега Томаш Петричек.
Димитров утре ќе учествува на годишниот состанок на министрите за надворешни работи од земјите од Вишеградската група и државите од Западен Балкан, што се организира во рамки на чешкото претседавање во Вишеградската група.
Состанокот се очекува да овозможи отворена дискусија на министрите и претставниците на ЕУ институциите за состојбата и очекувањата поврзани со евроинтегративните процеси на регионот.
