Можен раст на цената на становите во Центар и Карпош
Просечната продажна цена на станбен квадрат во Скопје од 1.062 евра има општина Центар. Во Карпош цената изнесува 1.022, додека во Аеродром е 909 евра, а во Кисела Вода 884. Анализата на „Фортон“ покажала дека најмногу се бараат станови со големина од 36 до 52 метра квадратни. Се очекува цените да останат стабилни освен во Центар и Карпош каде што бројот на продадени станови е поголем од издадените одбренија за градба на нови и можен е раст на цените во овие општини...

Бројот на продадени станови во општините Цетар и Карпош е поголем од бројот на издадени одобренија за изградба на нови и можно е зголемување на нивната цена, најавуваат аналитичарите на пазарот на недвижности .Засега највисока просечна продажна цена на станбен квадрат во Скопје од 1.062 евра има општина Центар, а најниска Ѓорче Петров каде што изнесува 780 евра.
„Карпош продал 539 стана, а издал само 54 одобренија за градење и ќе има притисок на цените ако ова продолжи. Значи многу повеќе станови се бараат и купуваат, а општините издаваат многу помалку одобренија за градба на нови“, изјави Дарко Костадинов- консултант на „Фортон“.
Анализата на „Фортон“ покажала дека најмногу се бараат станови со големина од 36 до 52 метра квадратни. Се очекува цените да останат стабилни, освен во Центар и Карпош, каде што побарувачката е поголема од понудата и затоа е можен раст на цените во овие две општини. Што се однесува до пазарот на шопинг молови, просечната закупнина се движи од 9 до 21 евро за квадрат, но нема слободни површни. Анализата покажала дека побарувачката е голема и затоа неколку големи инвестиции се насочени во изградба на нови шопинг молови.
„Во Софија има 13 шопинг молови, а во Скопје само еден. Има простор за градба на нови шопинг молови, не само на еден туку на повеќе“, изјави Костадинов.
Пазарот на канцелариски деловен простор се смета за стабилен, а само годинава понудата ќе биде зголемена за околу 10% со изградба на нови површини за издавање. Цените на закуп ќе останат стабилни и ќе се движат од 11 до 15 евра за квадрат за централното градско подрачје, односно од 9 до 11 евра во другите делови на Скопје. Анализата по региони покажува дека дури 84% од вкупно завршените новоградби лани биле лоцирани во метрополата.
Свето Николовски
