Избори

Јавен увид во избирачкиот список до 11-ти март

26.02.2020 15:38

Почнува јавниот увид во избирачкиот список кој ќе трае до 11-ти март. Во него моментално има 1.817.028 гласачи. Своите податоци може да ги проверат електронски на интернет-страницата на ДИК. Во овој период, гласачите ќе може да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење податоци во списокот. Почнува и собирањето на потписи на избирачите за кандидатите за пратеници...

Слаб интерес кај избирачите за јавниот увид во избирачкиот список за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12-ти април. Од досегашното искуство во подрачната единица на ДИК во скопски Центар, голем дел граѓаните ја користат електронската апликација на веб страницата на ДИК за да проверат дали се на гласачкиот список. На првиот ден од увидот, дошле тројца.

Граѓаните велат дека во досегашните циклуси редовно за себе и за поширокото семејство правеле увид дали се на избирачкиот список.

Во подрачните единици и месните канцелартии на ДИК граѓаните од денеска па до 11-ти март  може да побараат запишување, дополнување или бришење на личните или адресните податоци во списокот.  На списокот ќе се најдат сите лица кои на денот на изборите наполниле 18 години.

Од ДИК објаснувааат дека во овој период , покрај јавниот увид, се собираат и најмалку 1.000 потписи за независните кандидатски листи. Новина е тоа што потписи може да се собираат и пред надлежен нотар. По завршување на јавниот увид, ДИК е должна избирачкиот список во електронска форма да го достави и до политичките партии- учесници во изборниот процес. Кандидатските листи за пратеници треба да се достават до ДИК најдоцна до 12-ти март.  

 

Игор Панов