Ненад Димитриевиќ кај Џордан
07.03.2014 15:48
Големата надеж на македонската кошарка, од денеска ќе настапува на европскиот викенд камп на прославената кошаркарска ѕвезда Мајкл Џордан. Домаќин на тридневните младински возбудувања, ќе биде (градот) Барселона.
Во Каталонија се собрани сите младински кошаркари, на возраст до 16 години, за кои што стручњаците предвидуваат дека во скоро време ќе блеснат на терените и на кои што им се предвидува светла сениорска иднина.

По филтерот за вештините и кошаркарските знаења, најдобрите ќе патуваат на завршницата на кампот, во Бруклин (САД).
Ненад Димитриевиќ (Хувентуд) ги следи чекорите на Андреј Магдевски на Оливер Двојаковски, кои што во минатите години беа дел од овие младински собири.
Во овој контекст, ќе потсетиме дека Магдевски (Реал Мадрид) и Двојаковски (Кахасол) со своите екипи, ќе учествуваат на младинскиот завршен турнир на Евролига, што во мај ќе се игра во Миланo.