Агрометеоролошките станици корисни за земјоделците
Земјоделците кои професионално се занимаваат со оваа дејност сѐ повеќе бараат стручни совети и навремени информаци за климатските услови. Агрометеоролошките станици кои се обзбедени преку Швајцарската агенција за развој се поставени во 11 општини и веќе ги информираат фармерите какво време се очекува. На пример, анализите во струмичкиот регион покажуваат дека овој период ќе биде погоден за сеидба на раната зелка...
Почна работењето на агрометеоролошки станици во Југоисточниот регион во нашава земја. Наредниот период ќе биде погоден за сеидба на пролетната зелка е информацијата што ја добиваат фармерите од струмичкиот регион.
Улогата на оваа опрема е да ги анализира временските прогнози и телефонски да ги информира земјоделците, преку користење на мобилна апликација, како и да добиваат предупредувања за појава на болести кои се јавуваат на одредена култура за што ќе биде инсталиран соодветен софтвер.
Со планот, фармерите ќе користат услуги од вкупно 23 агрометереолошки станици.
Од нив општините Струмица, Гевгелија, Радовиш и Валандово треба да имаат по три, Василево, Босилово, Ново Село, Богданци и Конче две, а општина Дојран една станица.
Проект е финансиран преку средства за инвестициски проекти на планските региони за 2019 година и Швајцарската Агенција за развој и соработка.
Методија Трајков
