Шпанија: Почнаа преговорите за надминување на кризата
По состанокот двете влади во заедничко соопштение информираа дека се договориле да продолжат со состаноци секој месец, наизменично во Мадрид и Барселона, седиштето на владата на каталонците.

Владата на Шпанија и лидерите на Каталонија почнаа официјални разговори за надминување на политичката криза предизвикана од движењето за независност на Каталонија. Според првичните информации, првата средба завршила без поголем напредок.
По состанокот двете влади во заедничко соопштение информираа дека се договориле да продолжат со состаноци секој месец, наизменично во Мадрид и Барселона, седиштето на владата на каталонците.
Тора ги повтори барањата на Каталонија да и се дозволи да одржи референдум за независност и да се ослободат девет сепаратистички лидери кои издржуваат затворски казни за нивната улога во обидот за отцепување на Каталонија во 2017 година.
Санчез претходно повеќе пати ветуваше дека неговата влада нема да разгледува можност за гласање за независност на Каталонија.
