Долниот дом на Шпанскиот парламент го усвои Протоколот за членство во НАТО, следува процедурата во Сенатот

27.02.2020 12:28

Шпанските парламентарци изутринава го ратификуваат Протоколот за членство на земјава во НАТО на предлог на Комисијата за надворешни работи која го усвои минатата недела.

Протоколот за членство во НАТО е усвоен на денешната седница на Долниот дом на Шпанскиот парламент.

Шпанските парламентарци изутринава го ратификуваат Протоколот за членство на земјава во НАТО на предлог на Комисијата за надворешни работи која го усвои минатата недела.

По ратификацијата во Долниот дом на Шпанскиот парламент, протоколот оди во процедура во Сенатот. Со усвојување на протоколот од двата дома на Шпанскиот парламент и потпишувањето од страна на шпанскиот крал, Шпанија ќе ја заврши постапката за ратификација на Протоколот за НАТО.

По депонирањето на протоколот во американскиот Стејт департмент од страна на последниот сојузник, Северна Македонија официјално ќе стане полноправна членка на НАТО.